„Во лоша, очајна и опасна кондиција е македонската економија. Лоша од причина што имаме многу низок економски раст, тоа значи дека нема услови за нови работни места, за повисоки плати, за повисоки пензии, не се испорачува колку што треба да се испорача, очајна затоа што после две години имаме поскап живот за околу 25 проценти а ако споредам во однос на ковид 30 проценти со раст на плати кои што не секаде еднакво по сектори ја пратат инфлацијата, и опасна затоа што имама буџетски дефицит 62 проценти од БДП според најновите податоци“, кажа Маја Кадиевска Војновиќ член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во гостување на емисија на МТВ.

Кадиевска Војновиќ посочи дека јавниот долг изнесува 8,5 милијарди евра.

Буџетски дефицит за 2023 година од 4,9 % најверојатно и оваа година огромен буџетски дефицит како што е почната годината. Јавниот долг е 8,5 милијарди евра надмината критична и законска граница која што е поставена со новиот закон за буџет“, рече таа.

Кадиевска Војновиќ посочи дека имаме нарушена домашна внатрешно макро економска стабилност.

„Имаме нарушена домашна внатрешно макро економска стабилност, надворешна која што многу зависи од тоа како ќе биде кај нашите надворешни трговски партнери пред се тука мислам на Германската економија која гледаме дека исто е на климави нозе, од која што зависи дел од извозот на македонската економија“, кажа Кадиевска Војновиќ.

Според Кадиевска Војновиќ ВМРО-ДПМНЕ секогаш кога е на власт испорачува најдобар економски раст и најдобро управува со економијата.

„Факт е дека ВМРО-ДПМНЕ кога е на власт испорачува најдобар економски раст и најдобро управување со економијата. ВМРО-ДПМНЕ знае да управува со економските текови, знае да креира и структурен раст, да ја поттикне структурата во економијата, и знае да управува менаџерски онака како што треба, се со цел да има повеќе работни места и повисок животен стандард“, истакна Кадиевска Војновиќ.

Таа додаде и дека власта 7 години де факто нема мрднато кон ЕУ и нивниот стандард.

„Последните 7 години ние не конвергиравме кон ЕУ, 37 % бевме од стандардот, доходот на ЕУ, толку сме завршени и 2023 ова е по пресметка на Меѓународен Монетарен Фонд. Значи 7 години ние де факто немаме мрднато кон ЕУ, а нашите опоненти цело време кажуваат ЕУ, ЕУ. А, ЕУ едноставно се прави со систем на реформи. Ние во ВМРО -ДПМНЕ имаме експерти во нашата партија, експерти обучени од овие меѓународни институции. Сметам дека ќе имаме вистински историска програма со апострофирани краткорочни и долгорочни ризици“, посочи Кадиевска Војновиќ.

Во однос на програмата на ВМРО-ДПМНЕ Кадиевска Војновиќ нагласи дека партијата има сериозна економска програма која ќе ги стабилизира јавните финансии за да има средства за капитални инвестиции.

„Во нашата програма имаме раст од 5 проценти, меѓутоа на среден рок. Бидејќи почнуваме од една база која што не е на површина туку во дупка. Ќе ги таргетираме оние групи на граѓани каде што имаше неправди во претходниот период во смисла на растот, не усогласување на примањата, и ќе одиме внимателно. Прво треба да направиме еден ребаланс и да видиме кои се јавните финансии. Прво стабилизација на јавни финансии за да има пари за капитални инвестиции. Како одговорна политичка партија направивме среднорочна фискална стратегија“, децидна е Кадиевска Војновиќ.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/03/2024 04:53