НБА лигашот Њу Орлеанс Пеликанс ќе биде две недели без услугите на еден од своите најдобри играчи Брендон Инграм поради повреда.

Со 20,9 поени и 5,8 асистенции, Инграм е втор стрелец и прв асистент во составот на Њу Орлеанс.

Со скор од 42 победи и 27 порази Њу Орлеанс е на петтото место во Западната конференција. Далас е на шестото, а Феникс на седмото место, двете екипи со скор од 41-29.

Директен пласман во плеј-офот ќе обезбедат шесте првопласирани екипи на крајот од регуларниот дел од сезоната.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/03/2024 17:48