Стево Пендаровски и Димитар Ковачевски се репрезенти односно тие се главните носители на политичкиот неморал во Република Македонија, рече Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ одговарајќи на новинарско прашање кое е неговото мислење за ангажирање на пи-ар агентот на Стево Пендаровски.

Ковачки нагласи дека Пендаровски и Ковачевски се фатени во лага бидејќи и двајцата имаат различни изјави, укажувајќи дека тоа го прават бидејќи и двајцата се свесни дека станува збор за една проневера на финансии кои што не ги гледаме во финансиските трансакции на СДС.

Стево Пендаровски од една страна кажува дека се среќавал со тој ПР агент во рамки на форумот што го организирал СДС, а од друга страна претседателот на СДС, Димитар Ковачевски тоа го негира. Зошто го негира? Затоа што најверојатно е свесен дека станува збор за една проневера на финансии кои што не ги гледаме во финансиските трансакции на СДС, значи не гледаме никакви исплати на финансии кон тој ПР агент, не гледаме која е целта на тој ПР агент кој што го советувал Стево Пендаровски, рече Ковачки.

Ковачки во врска со овој случај со овој ПР агент упати и прашање:

И оттука јас би поставил едно прашање, а тоа е дали има некаква врска одредено лице со иницијали Г.Т коешто е поврзано односно е подизведувач и плаќач на овој ПР агент?



Автор: Администратор
Објавено на: 23/03/2024 19:26