Неспособната Данела Арсовска која е во тајна коалиција со СДС и ДУИ работи против скопјани.

Арсовска стопира 5 клучни проекти за скопјани кои претходно беа донесени од Советот на Град Скопје и тоа само поради тоа што ќе се градат од страна на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните од Кисела Вода, Аеродром и Гази Баба ќе останат без детски градинки, училишта и спортска сала бидејќи Арсовска донела одлука за запирање на процесот на градба преку ослободување на надомест.

Советот на Град Скопје донесе одлука за Ослободување од плаќање на надоместок за изградба на ОУ Крсте Мисирков во Гази Баба, ОУ Блаже Коневски во Аеродром, градинката Весели Цветови во Кисела Вода, градинката Изворче во Аеродром, како и изградба на затворено спортско игралиште во Пинтија Кисела Вода, но Арсовска ја стопира нивната реализација.

Арсовска освен што е неспособна, туку е и штетна за скопјани. Затоа треба веднаш да си поднесе оставка.

Инатот на Арсовска нема да донесе ништо добро за Скопје и скопјани.

Арсовска наместо да ги реализира проектите кои што ги вети пред граѓаните, свесно го уништува Скопје.

Неспособната Арсовска ќе биде запаметена како најкатастрофалната и најлоша градоначалничка на Град Скопје.

Арсовска треба да им слугува на граѓаните, а не на СДС и ДУИ.

Арсовска е срам за Скопје!



Автор: Администратор
Објавено на: 24/03/2024 14:14