Дека очајот во СДС и кај Ковачевски и Пендаровски е толку голем, говори фактот што почнале да соработуваат со странскиот експерт за црна кампања, Асаф Исеини, кој е еден од најскапите на пазарот. Немаат ништо сработено цели 7 години, па ќе пробаат да спасат колку што можат нешто со негативна кампања.

Пендаровски ги призна средбите, а дали Асаф Исеини е ангажиран само од СДС, само од Пендаровски или и од СДС и Пендаровски, е најмалку важно.

Останува само да признаат и да кажат со кои пари го плаќаат човекот кој им ја смислува кампањата. Патем од она кое што го гледаме кампањата им е исклучиво насочена кон поделби и навреди упатени кон сопствениот народ, што само потврдува дека сите карти ги ставиле на тоа да сеат магла наместо да дадат отчет и понуда.

СДС треба да знаат дека ако го плаќаат со црни пари странскиот стратег, тогаш прават криминал. Ако го плаќа странски субјект, тогаш повторно го прекршуваат законот, дотолку повеќе што тој странски фактор би имал свои интереси да се меша во изборите во Македонија.

СДС, Ковачевски и Пендаровски нека почнат да даваат одговори. Знаеме дека во овој скандал угоре им е високо, а удолу им е длабоко, ама мора да кажат кој и на каков начин им го финансира странскиот стратег на кампањата.

Времето на промени доаѓа, а по него ќе следи и времето на одговорност.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/03/2024 15:49