Министерот за одбрана на Косово, Ејуп Маќедонци, ја поздрави одлуката на Парламентарното собрание на НАТО за унапредување на статусот на Косово од парламентарен набљудувач во придружна членка, јави дописникот на МИА од Приштина.
Преку објава на платформата „Х“, Маќедонци порача дека вчерашната одлука на Парламентарното собрание на Северноатлантската алијанса е голем чекор за безбедноста, не само за Косово, туку и за регионот.
„Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на НАТО донесе одлука за унапредување на Собранието на Косово од парламентарен набљудувач во придружна членка. Ова е голем чекор напред за безбедноста и просперитетот на Косово и на регионот“, напиша косовскиот министер за одбрана.
Според Маќедонци, „членството во НАТО и ЕУ е од суштинско значење за секоја демократска земја“.
Пратеникот на владејачката косовска партија, Движење самоопределување, Дритон Хисени, вчера соопшти дека статусот на Косово во Парламентарното собрание на НАТО е унапреден.
Хисени, кој е шеф на Делегацијата на Собранието на Косово во Парламентарното собрание на Алијансата, соопшти дека за време на работата на Постојаниот управен комитет на ова собрание, што се одржува во Естонија, вчера, статусот на Косово е покренат на ниво на придружна членка.
- Ова е највисоко ниво на претставување во Собранието до полноправно членство на Косово во НАТО. Долги години Косово имаше статус на членка-набљудувач. Денешната одлука ќе биде формализирана со гласање во Парламентарното собрание на НАТО на пролетната сесија на Собранието, што ќе се одржи на 27 мај во Софија, напиша Хисени на Фејсбук.
Тој информира дека, со зголемувањето на нивото на застапеност во Собранието на НАТО, Косово ќе има проширување на делегацијата, поголемо вклучување во одлуките на Собранието и право да се обрати со амандмани и коментари за секој процес и документ што се третира од страна на Собранието, што претходно требаше да се направи преку делегации од други земји, главно од Албанија