Специјалниот претставник на Европската Унија за Западен Балкан, Мирослав Лајчак изјави дека денешната рунда преговори за користење на динарот во Косово била долга, но дека се разјаснети важни детали.

Тој во објава на платформата Х напиша дека претставниците на Белград и Приштина ги изнесле своите предлози за решавање на прашањето за користењето на српскиот динар во Косово.

„Нашите долги разговори помогнаа да се разјаснат важни детали. Следната недела се договоривме повторно да се сретнеме со амбиција да најдеме решение“, напиша Лајчак.

Главните преговарачи на Белград и Приштина, Петар Петковиќ и Бесник Бислими денеска 3,5 часа разговарале со Лајчак за одлуката за забрана на употребата на динарот во Косово.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/03/2024 05:04