Пендаровски, Ковачевски и СДС молчат за скандалот со ангажманот на мешетари во нивната кампања и мислат дека ако не даваат одговори ќе помине незабележано. Да потсетиме, Пендаровски призна, дека тој и неговата екипа од власта контактирале со Асаф Исеин, мешетар по Балканот познат по негативна кампања, а со оглед на реториката која доаѓа од нивните центри веќе наголемо работат на креирање на поделби, етикетирања на критичарите и навреди кон јавноста и народот.

Значи ја имаме изјава на Пендаровски и го имаме “потписот“ на скапиот балкански мешетар Исеин. Сега останува уште да кажат со колку и какви пари ги плаќаат овие совети? Токму заради ова молчат и Пендаровски и Ковачевски и СДС. Ако го плаќаат Асаф Исеин со црни пари, тогаш прават криминал. Ако неговиот ангажман го плаќа странски субјект, тогаш повторно го прекршуваат законот, дотолку повеќе што тој странски фактор би имал свои интереси да се меша во изборите во Македонија.

Дека очајот е огромен кај власта, тоа веќе не е новост. Дека трошат на ангро да го ублажат поразот, исто така е општо познато. Но исто така апсолутен факт е дека ни странски, ни домашни креатори на негативна кампања нема да им помогнат да се спасат од поразот кој им претстои. Добија можност и цели 7 години простор да направат нешто за народот и за државата, но тие ништо не постигнаа, освен криминал корупција и лично богатење. Затоа сега ништо не ги спасува. Време е за промени!



Автор: Администратор
Објавено на: 26/03/2024 15:50