Во контролите во областа на сообраќајот вчера на територија на град Скопје се изречени вкупно 144 мерки, соопшти денеска МВР.

Од вкупниот број изречени санкции за возење повеќе од дозволената брзина се 10, 10 мерки се изречени за возење без возачка дозвола, три санкции за минување на затворен сигнал - црвено светло, осум мерки за користење мобилен телефон при возење, девет санкции за некористење на сигурносен појас...

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/03/2024 18:43