Авангардната српска и југословенска пејачка и уметница Александра Слаѓана Милошевиќ почина на 68-годишна возраст, потврди нејзината пријателка Билјана Петровиќ.
Родена е во Белград на 3 октомври 1955 година и важеше за икона на „новиот бран“ од осумдесеттите во Југославија. Така, првиот солонастап го имала на фестивалот „Студентско лето“ во Маглај во 1974 година, каде што ја освоила главната „Гран при“ награда. Следниот забележителна точка на поп-рок сцената се случи во 1977 година со песната „Ау, Ау“, а истата година има и преднастап на групата „Бјело Дугме“.
Милошевиќ почна да ги крши табуата со песната „Секси дама“, којашто одредено време била забранета за на радио и телевизија.
Во 1984 година со Дадо Топиќ ја сними песната „Принцеза“, што беше преведена и на англиски јазик. Во 1989. Александра заминува во САД, каде што извесно време свирела со групата „Бејби систер“. Работела и како брокер за акции, се испробала во областа на маркетингот, како и во книжевноста. Во Белград се вратила во 1995 година.
Пејачката починала во Земунската болница во Белград, по кратко боледување