Премиерот Еди Рама денеска изјави дека Албанија достигнала бројка од 1,5 милијарди евра директни странски инвестиции.

Во својот говор на Националната конференција за образование и стручна обука, Рама рече дека, деновиве Албанија била оценета од "Стандард и Пурс" со ново ниво, за првпат, и отиде на стабилна позитивна Б+ од неколку години во ББ- и оти следниот чекор е ББ+.

- Минатата година според извештајот на Централна банка на Албанија, достигнавме рекордна бројка од 1,5 милијарди евра странски директни инвестиции. Тоа е голем скок од постојаниот тренд од изминатите години кој се движеше околу 1 милијарда, но што е само почеток на уште еден тренд да се оди на две, две и пол, три и 4 милијарди, рекол Рама.

Според него тоа е сосема можно, но под еден услов да "имаме човечки капацитет, да имаме доволно човечки капитал да се справиме со растот на интересот на инвеститорите и да се справиме со овој општ раст на земјата во следните 5 години, што ќе биде извонредно".



Автор: Администратор
Објавено на: 27/03/2024 04:36