Репрезентацијата на Грузија за прв пат во својата историја ќе игра на ЕП! Ова стана факт откако тимот го доби последниот меч во Тбилиси против Грција за учество на ЕП 2024. Во регуларното време и продолженијата резултатот беше 0:0, а во пенал рулетот Грузијците победија со 4:2 и земаа една од последните три квоти за првенството во Германија во лето.
Речиси и да немаше шанси за гол во регуларното време, наместо тоа преовладуваше тактичката игра и цврстата дефанзивна игра. Така дојде до продолженијата, каде двете екипи одиграа похрабро. Така, во 102. минута Константинос Мавропанос ја погоди гредата по неговиот удар со глава од корнер. Одисеј Влаходимос мораше да ги одбрани ударите на резервистите Зурико Давиташвили и Ѓорѓи Цитаишвили.
На крајот сестигна до пенал-серијата каде Грузијците не можеа да се потпрат на својата ѕвезда Хвича Кварацхелија бидејќи крилниот напаѓач го напушти теренот во 109. минута поради повреда. Сепак, пулените на Вили Сањол беа подобри во пенал рулетот. Ѓорѓи Кочорашвили, Давиташвили, Лаша Двали и Ника Кваквескири беа прецизни во своите настапи и само Жорж Микутадзе шутираше непрецизно. Што се однесува до играчите на нашиот јужен сосед, Јоргос Масурас и Андреас Бухалакис погодија од белата точка, но ударот на Анастасиос Бакасетас беше одбранет, додека Јоргос Јакумакис шутираше широко.
Грузија на тој начин го зазеде последното расположливо место во групата Ф на ЕП 2024, каде ќе ги одмери силите со Турција, Португалија и Чешка. Тоа ќе биде прво појавување на земјата на голем фудбалски форум од независноста