Известувачката на Европскиот парламент за Албанија, Изабел Сантос, на прес-конференција во Тирана, на крајот од средбите што ги имаше со државни и политички лидери, порача дека земјата не треба да запре во спроведувањето на реформите, јави државната агенција АТА.

- Добро е што е обезбеден широк консензус меѓу политичките фактори. Добро е да се прекинат политичките дебати кои не помагаат никому. Да ставиме крај на себичните пристапи и да се фокусираме на процесот на членство и подобрување на условите за живот на граѓаните, изјави таа.

Во однос на напредокот на Изборната реформа, Сантос рече: „Во мојата земја се вели дека се потребни двајца за танго, двајца се потребни за дијалог“.

- Вината не е на едната страна. Кога има несогласување или нешто тргне наопаку, вината е на двете страни. Имаме уште време, пораката е владејачката партија и опозицијата да најдат минимум консензус за да напредуваат навреме за изборите 2025. Не е време да се каже едниот или другиот е виновен. Имаме уште време за консензус да продолжиме напред. Ако не е можно, сите ќе бидат виновни за ова, порача Сантос.

Таа призна дека изборите во Европскиот парламент ќе влијаат на процесот на проширување, но изрази целосна увереност дека овој процес никој не може да го запре.

- Нема да кажам дека изборите за Европскиот парламент нема да влијаат на процесот. Секако дека зависи од резултатите. Проширувањето во моментов е прилично консолидирано. Никој не може да го спречи тоа што се случува. Јас сум оптимист и го чекам рокот што го кажа Вархеји и ќе го поддржам, истакна Сантос.

Исто така, таа ја нагласи важноста на транспарентноста за начинот на медиумското финансирање.

Сантос изрази жалење во однос на изјавите на официјална Атина во врска со градоначалник на Химара, Фреди Белери, во кои оценуваат дека станува збор за политички затвор.

- Жал ми е за овие изјави од Грција. Тоа е прашање на судот. Ако сите земји санкционираат или дадат такви изјави кога нивни граѓанин се соочил со правен процес, светот би бил ужасен. Ќе дојдеме до заклучок откако правдата ќе проговори. Внимателно го следам случајот, но ја чекаме одлуката, изјави Сантос.

За време на престојот во Тирана таа оствари повеќе средби, меѓу кои и со шефот на државата Бајрам Бегај



Автор: Администратор
Објавено на: 28/03/2024 04:02