Поранешниот селектор Игор Ангеловски, со објава на социјалните мрежи им го честиташе големиот успех на грузијците, но и се запраша, каде е сега Македонија после тој голем успех.
„Грузија заслужено слави. Ја победи Грција и испиша историја. Пласман на ЕУРО 2024 година, откако во минатото финале на Лига на нации загуби од Македонија. Честитки. Но каде сме ние после историскиот пласман на ЕУРО 2020.
Наместо да се бориме секој нареден циклус на квалификации да го подобруваме нашиот учинок го уништивме она што вреди носени од мотивите за личен профит и луѓе без капацитет на водечките позиции во ФФМ и на позицијата селектор на А репрезентација кои со својата нестручност успеаа да ја растурат најдобрата генерација во историјата на Македонија која бележела резултати и за тоа треба да им се “честита”.
Но тоа не е се прокоцкаа шанса за пласман на Светско првенство каде 50% од работата им беше завршена. Сега слушаме изјави од селекторот кои ме загрижуваат бидејќи да изјавиш такво нешто треба да си надвор од мисловна активност или да бараш оправдување за сопствената немоќ.
Резултатот е нешто што не можеш да смениш. Неинтелегентниот човек невозможно е да го поразиш со аргументи.“ – пишува во објавата на поранешниот селектор, Игор Ангеловски, на социјалните мрежи.