Шпанскиот фудбалски гигант Реал Мадрид ќе ги продолжи договорите со дефанзивците Начо Фернандез и Лукас Васкез, објави денеска весникот АС.

Двајцата играчи ќе потпишат нови договори со важност до лето 2025 година.

Претходните договори на обајцата истекуваа на крајот од сезоната 2023-2024.

Претходно денеска се дозна дека играчот од средниот ред Тони Крос исто така ќе остане во Реал најмалку уште една година.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/03/2024 04:53