Раководството на актуелниот лидер во италијанското фудбалско првенство Интер пред крајот на оваа сезона ќе му понуди нов двегодишен договор на тренерот Симоне Инзаги.

Како што објави денеска „Газета дело Спорт“, раководството на Интер ќе има поинаква стратегија, бидејќи сака да го задржи Инзаги, чиј договор истекува во јуни 2025 година.

Инзаги двапати го продолжуваше договорот со Интер, во 2022 и 2023 година, а двата пати клубот му понуди едногодишен договор. Овој пат на 47-годишниот тренер ќе му биде понуден договор на две години.

Во однос на претходните години, разликата е што на Инзаги ќе му биде понуден нов договор пред крајот на сезоната, а не на крајот на сезоната.

Интер е на чекор до освојување на шампионската титула во Серија А, откако по 29 кола е прв на табелата со 76 бодови, 14 повеќе од второпласираниот градски ривал Милан.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/03/2024 23:55