Италијанскиот фудбалски прволигаш Рома покажува сериозен интерес за францускиот напаѓач Уго Екитике, кој во моментов настапува како позајмен играч од ПСЖ во Ајнтрахт Франкфурт, пишува денеска весникот Газета дело Спорт.

На 21-годишниот Французин се гледа како на природна замена за Ромелу Лукаку, кој заминува на крајот од сезоната и треба да се врати во Челзи. Белгискиот интернационалец најверојатно нема да остане во лондонскиот клуб и веќе се зборува за негов трансфер во Саудиска Арабија.

Хуго Екитике дојде во ПСЖ од Ремс во 2022 година за 30 милиони евра, но не успеа да се наметне во францускиот шампион и во јануари беше испратен на позајмица во германскиот Ајнтрахт Франкфурт.

Рома за трансферот се потпира на добрите односи со ПСЖ, од каде во последните години ги донесе во своите редови Леандро Паредес, Жоргињо Вајналдум и Ренато Санчез



Автор: Администратор
Објавено на: 29/03/2024 04:19