Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола донел одлука за својата иднина, тврди „Фудбал инсајдер“.

Според изворот, 53-годишниот Шпанец има намера да го напушти тимот во 2025 година кога ќе му истече договорот. После тоа Гвардиола сака да направи пауза од тренерската кариера.

Гвардиола е на чело на Манчестер Сити од 2016 година. Оттогаш „граѓаните“ пет пати станаа шампиони на Англија, двапати го освоија Купот и Суперкупот на земјата, а минатата година за првпат во својата историја станаа и победници на Лигата на шампионите.

Гвардиола претходно беше тренер на Баерн и Барселона.

По 28 кола, Манчестер Сити е трет во табелата во Премиер лигата со 63 бода, со еден бод помалку од Арсенал и Ливерпул



Автор: Администратор
Објавено на: 29/03/2024 18:21