Фудбалерите на Барселона, Педри и Френки де Јонг, ќе се вратат во тимот за првиот четвртфинален натпревар во Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен.
Педри и Де Јонг се повредија на почетокот на месецот на натпреварот против Атлетик Билбао (0:0) во шпанското првенство, но закрепнаа и ќе му бидат на располагање на тренерот Чави за дуелот во Париз, објави денеска весникот Мундо Депортиво.
Според информациите, Педри веќе почнал сам да тренира, а Де Јонг сè уште е на рехабилитација, но наскоро ќе започне со тренинзи. Лекарскиот тим на Барселона е уверен дека тој ќе биде подготвен за првиот натпревар.
Првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите помеѓу Пари Сен Жермен и Барселона се игра на 10 април од 21 часот во Париз