Ла Лига на својата официјална веб-страница објави дека крилото на Реал Мадрид, Винисиус Јуниор е прогласен за најдобар играч во март.
Овој месец 23-годишниот Бразилец одигра три натпревари во Шпанското фудбалско првенство, на кои постигна пет гола и една асистенција.
Конкуренти на Бразилецот за наградата беа напаѓачот на Барселона, Роберт Левандовски, играчот од средниот ред на Реал Сосиедад, Брајс Мендес, напаѓачот на Виљареал, Александре Серлот и играчот на Атлетик, Горка Горозета.
Севкупно, Винисиус оваа сезона одигра 27 натпревари, постигна 18 голови и 8 асистенции.