Одбранбениот фудбалер на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис е блиску до преселба во Реал Мадрид.
Според шпански „AS“, Реал Мадрид се согласил за личните барања на 23-годишниот Канаѓанец. Шпанскиот фудбалски великан е подготвен да плати 25-30 милиони евра за играчот.
Самиот Баерн Минхен сака да добие околу 50 милиони евра.
Сезонава Дејвис одигра 31 натпревар, постигнувајќи гол и три асистенции.