Италијанскиот тенисер Јаник Синер призна дека е изненаден од неговиот успешен настап на стартот на сезоната.

- Секако дека сум изненаден. Ова е нешто што дефинитивно не го очекував. Но, невозможно е да се контролира сè. Можете да ги контролирате своите емоции, желбата да се подобрувате од ден на ден, и тоа е тоа. Секако дека сум многу задоволен од оваа сезона. Кој не би бил среќен? Но, од друга страна, разбирам дека другите играчи ме познаваат подобро. Ме анализираат, па морам да бидам подготвен. Видовме дека имав проблеми на почетокот на турнирот, а тоа покажува и дека секој ден е различен, нели? — истакна Синер за „Tennis365“.

Претходно, Синер го победи рускиот тенисер Данил Медведев во полуфиналето на Мастерсот во Мајами. Во финалето на турнирот ќе се сретне со Григор Димитров од Бугарија. Доколку победи во Мајами, Италијанецот ќе стане број два во светот.

Сезонава 22-годишниот Синер ја освои Грен слем титулата на Австралија Опен, а го освои и турнирот во Ротердам.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/03/2024 03:05