Екипата на Баер Леверкузен обезбеди пласман во Лигата на шампионите во сезоната 2024/25, откако денес во 27. коло од Бундеслигата, на домашен терен го совлада Хофенхајм (2:1).
Избраниците на Чаби Алонсо по оваа победа си го загарантираа учеството во Лигата на шампионите следната сезона, каде Германија ги претставува екипите кои ги заземаат првите четири места во шампионатот.
На седум кола до крајот предноста на Баер во однос на петтиот Лајпциг е 23 бода. Леверкузен е на врвот на табелата во Бундеслигата, со 13 бода пред Баерн.
Баварците вечерва загубија на домашен терен од Борусија Дортмунд со 2:0.
Оваа сезона Баер игра во Лига Европа - клубот во четвртфиналето ќе се сретне со Вест Хем.