Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, се пожали на натпреварувачкиот календар во Премиер лигата, пред настапот во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

- Играме со Астон Вила во 21:15 часот на 3 април, потоа во 13:30 часот против Кристал Палас во сабота на 6 април. Во 13:30 часот! После тоа ќе одиме во Мадрид во вторник. Реал Мадрид има девет дена да се подготви, девет дена! Би сакал барем уште еден ден за подготовка за тој дуел, бидејќи разликата е многу голема, се пожали Гвардиола на британските медиуми.

Манчестер Сити на 9 април гостува кај Реал Мадрид. Реваншот ќе се одигра во Англија на 17 април



Автор: Администратор
Објавено на: 31/03/2024 18:31