Ѕвездата на Милвоки бакс, Јанис Адетокунбо се изедначи со Леброн Џејмс по одиграни натпревари со 30 поени, 15 скока и пет асистенции.
Гркот ноќеска во победата над Аталанта постигна 36 поени, 18 скока и осум асистенции.
Така, Јанис го стигна Џејмс од Лос Анџелес лејкерс во најмногу одиграни натпревари со 30 поени, 15 скока и 5 асистенции. Двајцата имаат по 127 такви средби.
Зад нив во оваа статистичка категорија е Расел Вестбрук (93).
Никола Јокиќ (89) и Лука Дончиќ (83) се на четвртата и петтата позиција