Фабрицио Романо продолжува да тврди дека шефот на Спортинг Лисабон, Рубен Аморим е чекор понапред од останатите претенденти за функцијата менаџер на Ливерпул.

Јирген Клоп ја пофали работата на Роберто Де Зерби по неделната победа од 2:1 над Брајтон, но тоа е далеку од тоа дека Италијанецот ќе го наследи на „Енфилд“.

Според Романо, Ливерпул ќе се одлучи токму Аморим откако стана јасно дека Чаби Алонсо и следната сезона ќе остане во Баер Леверкузен.

Спортинг моментално води во поредокот на Португалија, имајќи бод предност и натпревар помалку пред второпласираната Бенфика.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/04/2024 16:12