Кристијано Роналдо е прогласен за играч на месец март во фудбалското првенство на Саудиска Арабија.

Минатиот месец Португалецот учествуваше во два натпревари на Ал-Наср во првенството на Саудиска Арабија. На натпреварот со Ал Раед (1:3), Роналдо одигра 90 минути и не постигна гол, а на натпреварот против Ал-Таи (5:1), беше творец на хет-трик.

Ова е четврта награда за играч на месецот во саудиска лига за Роналдо оваа сезона. Тој претходно беше најдобар во август, септември и декември.

Роналдо има 33 гола и 11 асистенции на 34 натпревари за Ал-Наср во сите натпреварувања. Тој ја предводи листата на најдобри стрелци во првенството на Саудиска Арабија со 26 гола



Автор: Администратор
Објавено на: 02/04/2024 18:20