Фатени на дело, ДУИ и нивните слуги од СДС, само подлабоко се закопуваат во дупката што ја ископаа во образованието.

На нивниот вчерашен прес, на целата Македонска јавност и потврдија дека незаконски изработуваат дигитални учебници, повикувајќи се на концепцијата за основно образование на Царовска. И сето тоа, само за некој милион повеќе во касата на ДУИ и СДС.

Само потврдија дека изработуваат дигитални учебници со сомнителен квалитет, со содржини кои никој не ги одобрил, во процедура надвор од законот, за милиони евра. Со новиот тендер, на фирмата која ќе го добие и се дозволува да врши измени и дополнувања и да додава содржини во веќе одобрените учебници.

Она што на тој прес не го кажаа од МОН е каде се учебниците по странски јазици за целото основно образование? Повторно ги прашуваме, дали намерно 5 години ги оставија учениците без ниту еден учебник по странски јазик, за парите предвидени за нивна набавка да ги пренаменат за некакви незаконски дигитални учебници?

МОН треба да одговори и на прашањето како тоа тие објавиле конкурси за автори на учебници за 7 одделение, без јавно да има објавено програми за тоа одделение? И дали тие конкурси им пропаднаа, па мораат да составуваат авторски тимови, се со цел да можат да направат тендер за нивна дигитализација на само еден месец пред избори? Зошто на МОН му се брза да направи тендерот за дигитализација на учебници и за 8 и за 9 одделение, а програми и учебници за овие две одделенија нема?!

Прашуваме и зошто во овој нов, незаконски тендер, повторно се бара обезбедување на платформа за дигитални учебници за 4, 5, 6 одделение и обука на наставен кадар за тие одделенија, ако само пред неколку месеци за таа намена, без конкуренција, на фирмата Тримакс и беше доделен тендер од 800.000 евра? Дали е тоа можеби затоа што овој пат тендерот без конкуренција е наменет за друга фирма, односно фирмата “Арс студио” на која во изминатите 2 години од страна на МОН и се доделени договори за превод во вредност од фантастични 6,5 милиони евра?

По изборите, новата влада која ќе ја формира ВМРО-ДПМНЕ детално ќе ги истражи овие незаконски набавки и секој украден денар од буџетот ќе го вратат на граѓаните.

Време е да ја вратиме државата на народот! Македонија повторно твоја! Промените се во твои раце!



Автор: Администратор
Објавено на: 02/04/2024 18:52