Тренерот на Тотенхем, Анге Постекоглу, изрази надеж дека следната година неговиот тим ќе биде претендент за титулата во Англија.
Стручњакот додаде дека токму со оваа идеја дошол во лондонскиот клуб.
Тотенхем моментално се наоѓа на петтата позиција во преодниот поредок, со 11 бода помалку од лидерот Ливерпул со девет кола до крајот на лигата.
-Се надевам дека ќе се бориме за титулата следната сезона. Затоа дојдов во клубот. Како што некој ми рече минатата недела: „Ти само врши си ја својата работа Анге“, а мојата работа е да дојдам овде и да донесам успех, прокоментира австралискиот стручњак.