Вкупно 96 возачи се казнети во текот на вчерашниот ден на територија на Град Скопје во контролите во областа на сообраќајот. Од нив 13 санкции се за возење повеќе од дозволената брзина, осум мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за некористење на сигурносен појас...

Како што информира МВР, сообраќајните контроли ќе продолжат и наредните денови.

-Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се вели во соопштението.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/04/2024 14:21