Фудбалерите на Кајзерслаутерн се првите финалисти во Купот на Германија, откако синоќа со триумф од 2-0 ставија крај на изненадувањата што во изминатите кола ги приредуваше третолигашот Сарбрикен.

Кајзерслаутерн, кој оваа сезона се бори за опстанок во втората лига, во финалето на 25 мај на Олимпискиот стадион во Берлин ќе игра со победникот од второто полуфинале меѓу Баер Леверкузен и Фортуна Дизелдорф.

Досега Кајзерслаутерн има два куп трофеи во своите витрини, првиот освоен во 1990, а вториот во 1996 година, додека последен пат во финалето играше во 2003 кога беше поразен од Баер Леверкузен.

Во Купот на Франција, пак, прв финалист е Лион, кој синоќа со 3-0 на домашен терен го совлада второлигашот Валенсиен.

Противник на Лион во финалето на 25 мај на Стад де Франс во Париз ќе биде поуспешниот од вториот полуфинален двобој меѓу ПСЖ и Рен.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/04/2024 14:26