Во СВР Тетово, 57 - годишен жител на тетовско село пријавил дека 58-годишниот М.М. од Република Албанија во текот на минатиот месец нему и на уште едно лице им ветил дека ќе им отвори фирма во Дубаи, а за возврат тие во три наврати му платиле вкупно 11 илјади евра.

Но, ниту фирмата им била отворена, ниту парите им ги вратил, по што сфатиле дека се измамени. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/04/2024 04:49