СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.Л. (52) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба на електрична енергија“.

Пријавената, во период од 01.02.2023 до 12.01.2024, ангажирала работник без согласност на ЕВН Македонија, да презема електрична енергија, односно потрошената електричната енергија на една фаза не се мерела преку електричното броило, со што предизвикал материјална штета на ЕВН Македонија во износ од 66.647 денари.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/04/2024 04:53