Челзи планира да му понуди нов договор на играчот од средниот ред Кол Палмер, објави лондонски Телеграф.
Според истиот извор, раководството на клубот од западен Лондон сака да го награди 21-годишниот англиски репрезентативец за добрите игри оваа сезона со продолжување на соработката.
Палмер дојде во Челзи од Манчестер Сити во септември минатата година.
За „сините“ забележа 35 настапи во сите натпреварувања, постигнувајќи 16 гола и 12 асистенции.