Тренерот на Барселона, Чави, е назначен за амбасадор на фондацијата на актуелниот шпански првак, соопшти каталонскиот клуб.
„Тоа е признание за хуманоста и грижливата природа на Чави, кој е во клубот 29 години. Тој порасна во Ла Масија, играше за тимот, а потоа се врати како тренер на првиот тим. Чави е секогаш подготвен да поддржува различни хуманитарни и добротворни зафати, вклучително и учество на бројни настани и програми на нашата фондација“, објави каталонскиот клуб на официјалната веб-страница.
Чави во неколку наврати истакна дека Барса прави сè што е можно за да ги промени животите на многу луѓе.
Чави седна на клупата на Барселона во ноември 2021 година, а неодамна најави дека ќе ја напушти клупата на каталонскиот гигант на крајот од сезоната 2023-2024.