Многумина имаат тн. „изрецкан јазик“ - кога тој орган има вдлабнатини или „резови“ по работ. Ова обично е предизвикано од подолго и повторено притискање на забите врз јазикот, велат лекарите, но има разни и различни причинители на таа состојба. Следат некои од нив.
Недостатокот на витамините Б, на пр. Б12, фолната киселина (Б9) и рибофлавинот (Б2), може да доведе до воспаление на непцата и отечен јазик. Овие витамини се клучни за регенерација на клетките и одржување на здравото ткиво во усната шуплина. Отечениот јазик, пак, е поподложен на гризење со забите, предизвикувајќи еден вид „отпечаток“ од самите нив.
Следна можна причина е дехидрацијата. Ако не се пие доволно вода и течности, тоа може да предизвика отекување на ткивата во телото воопшто, па и јазикот - тоа исто така причинува притисок врз јазикот од забите.
И проблемите со тироидната жлезда се можен причинител, на пр., неактивна жлезда или хипотироидизам - состојба кога телото не произведува доволно хормони. Типични симптоми за оваа состојба се замор, зголемување на телесната тежина, чувствителност на студ, сува кожа и коса и чувство на депресија. Исто така, за некои луѓе, недоволната активност на тироидната жлезда може да предизвика отекување на јазикот.
Апнеја при спиење е состојба којашто предизвикува повторени прекини во дишењето. И тоа влијае на стискањето на забите ноќе.
Најчест облик на апнеја е опструктивната ноќна апнеја, предизвикана од блокирани горните дишни патишта. Оваа појава се среќава кај луѓе кои имаат мала вилица или голем јазик. Тоа предизвикува мала „борба за здив“ ноќе, па и несвесно гризење на јазикот.