На 03.04.2024 во 09.50 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Аеродром го лишиле од слобода М.Д.(48) од Скопје затоа што околу 09.30 часот со остар предмет ги искршил стаклата од филијала на една банка на подрачје на општина Аеродром.

По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/04/2024 05:15