Во 02.40 часот во СВР Скопје, 46 - годишна жена пријавила дека на 03.04.2024 околу 20.30 часот во домот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзината мајка В.П.(67), која употребила и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во 05.40 часот во СВР Скопје, 26-годишна жена од Скопје пријавила дека на 03.04.2024 околу 23.00 часот во нејзиниот дом на подрачјето на Бит Пазар била физички нападната од нејзиниот татко Д.Ј.(64) од Куманово, кој оштетил и дел од покуќнината. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 03.04.2024 во СВР Скопје, 49-годишна жена од Скопје пријавила дека на 01.04.2024 околу 21.00 часот во домот на нејзините родители на подрачјето на Карпош, била физички нападната од нејзиниот брат К.М.(44) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот

На 02.04.2024 во 17.21 часот во СВР Скопје, 70-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 16.30 часот во семејниот дом на подрачјето на општина Аеродром, била физички нападната од нејзиниот син Д.Ј.(47) од Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 02.04.2024 во 20.30 часот полициски службеници од Полициската станица Чаир го лишиле од слобода Б.Ѓ.(19) од Скопје по претходна пријава дека околу 20.15 часот во семејниот дом на подрачјето на Чаир, физички ја нападнал својата 18- годишна сестра.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/04/2024 05:18