СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.К.(56) од село во гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

Пријавениот, вработен во фирма за брз трансфер на пари, овозможил на лице од Гостивар со туѓа лична карта да подигне пари испратени преку брз трансфер на пари, претставувајќи се како негов роднина.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/04/2024 05:25