Метаболичниот синдром е збир на метаболични нарушувања кој често води до сериозни последици, како што се дијабетис, срцев удар и мозочен удар. Станува збор за покачен притисок, акумулација на масти во областа на стомакот, зголемено ниво на холестерол, триглецириди и шеќер во крвта. Кога се присутни најмалку три од овие нарушувања, пациентот може да се дијагностицира со метаболичен синдром.
Авокадото е богат избор на каротеноиди, масни киселини, минерали (калциум, железо и цинк), како и витамините А, Б, Ц и Е. Студиите на Машхадскиот Медицински Универзитет во Иран, откриле дека авокадото е многу корисно за лицата кои имаат појачан холестерол и масти, ефикасно ја нормализирал концентрацијата на вкупниот холестерол и триглицериди во крвта, а за да се постигне тој ефект е доволно една недела да се конзумира храна богата со авокадо.
Исто така, авокадото помага во намалувањето на телесната тежина. Учесниците во студијата кои страдале од вишок тежина, за шест недели го намалиле индексот на телесна маса и износот на масното ткиво. Авокадото помогнало и во намалувањето на високиот крвен притисок и ја подобрило состојбата на крвните садови кај пациентите кои страдале од атеросклероза.
Студијата заклучила дека авокадото може да се користи како ефикасен додаток на храната кој ќе му помогне на телото да го нормализира метаболизмот, а исто така може да се најде и во голем број на производи.