Секогаш постои време за добар филмски маратон! Повторно се наближуваат празници, па тоа значи дека овој пат можеме да искористиме неколку добри предлози за филмови кои може да ги гледате за време на следните неколку дена и да се одмарате заедно со семејството! Мрзливо попладне, во придружба на кафе и добар филм – тоа е она по што копнеат големите љубители на филмови!

Ние направивме изборна листа од неколку смешни, инспиративни, романтични и класични филмови кои не смеете да ги пропуштите и да не ги гледате барем еднаш во животот!

1. Eddie The Eagle (2016)

Овој филм е базиран на вистински лик, Michael “Eddie” Edwards, Британски скијач кој во 1988 година станал првиот натпреварувач кој ја претставувал Велика Британија на Олимписките скијачки скокови. Неговиот единствен сон беше да се натпреварува на Олимписките игри, и сонот му се оствари. Иако тој заврши последен на натпреварот, сепак стана жив доказ дека упорноста и силната волја може да ве однесе насекаде. Хју Џекмен е брилијантен во неговата улога на тренер на неуспешниот поранешен ски скокач.

2. The Bucket List (2007)

Имајќи ги главните и носечки улоги од страна на Морган Фримен и Џек Николсон, овој филм е стара школа кој може да не насмее и разнежни во исто време. Двајца постари пациенти кои се заболени од рак се среќаваат во болница, и изнаоѓаат интересни начини да се откачат од болеста, правејќи работи кои никогаш не ги правеле порано! Добрите момци станаа лоши!

3. The Intouchables (2011)

Француски аристократ кој што останал парализиран поради несреќа од летање со параглајдер, вработува млад човек да му биде негувател. Младиот човек е црнец кој е сиромашен и не многу образован, но тој поседува нешто што малку луѓе го имаат на денешно време – топло срце и мила душа. Филмот е направен по вистинска приказна, и претставува еден од најбрилијантните филмови во кој е прикажано вистинското пријателство!

4. Crazy, Stupid, Love (2011)

Знаеме дека е тешко да се замисли ова, но навистина, постојат многу причини зошто да го гледате овој филм освен прекрасниот изглед на Рајан Гослинг. Ова е забавен и хумористичен филм кој ќе врвно ќе ве забавува!

5. The Break-Up (2006)

Љубовна приказна која тргнува наопаку, приказна за ужасно лошиот и гаден однос помеѓу Брук (Џенифер Анистон) и Гери (Винс Вон), љубовен пар кој делеше ист стан до моментот кога се почна да оди во непосакувана насока.

6. The next three days (2010)

Ова е филм кој ги прикажува ужасните немири со кои се соочува едно семејство, откако мајката и ќерката беа обвинети за убиство и испратени во затвор. Прекрасната изведба на Расел Кроу и Елизабет Бенкс и самата приказна која предизвикува нестрпливост и немир покрај гледачите, прави овој филм задолжително да се види!

7. Perfect Strangers (2016)

Италијански филм кој ја прикажува неверојатната зависност на луѓето од паметните телефони и опасноста што тие ја носат во врска со нашите приватни животи. Група пријатели за време на вечера дошле до идеја да го споделат секој повик или порака со другите за време на вечерата. Дали мислите дека тоа е добра идеја? Уверете се сами и погледнете како заврши оваа вечера!

8. Gone Girl (2014)

Со глумата на Бен Афлек и Росамунд Пајк, овој филм е вознемирувачки, интензивен и мистериозен, кој ќе ве држи заглавени пред екранот се до крајот на филмот. Со многу анти-холивудски крај, овој филм се базира на случај за исчезнатата жена и сопругот осомничен за нејзиното убиство.

9. Today’s Special (2009)

Самир, готвач во Менхетн, одвоен од неговата Индиска фамилија, се враќа дома со цел да го спаси распаѓањето на нивниот семеен ресторан. Наместо да оди во Париз и да стане познат шеф на кујна во врвни ресторани, тој се одлучува да му помогне на неговото семејство и повторно да го крене на нозе нивниот бизнис кој е пред распаѓање. Соочувајќи се со голем предизвик, притоа без помошта на неговиот татко, Самир не води низ забавно-емотивна приказна на самопронаоѓање и самоизразување.

10. He’s Just Not That Into You (2009)

Ова е филм што секоја девојка мора да го види! Познати актери, одлична приказна и прекрасен заклучок го прават овој филм одличен избор за гледање – ако на некое момче му се допаѓаш, тој ќе се погрижи да го дознаете тоа. Едноставно како што треба да биде. Прекрасен филм кој вреди да се гледа!



Автор: Администратор
Објавено на: 05/04/2024 05:37