Многу луѓе често имаат конфузен љубовен живот затоа што никогаш не почувствувале, ниту доживеале, како е да се биде во вистинска, стабилна врска. Поради тоа, тие често имаат нереални замисли за вистинската љубов, како што ја гледаат во филмовите, каде секој има сродна душа, а врската е преполна со драма. Сето тоа е одлично за забава, но е далеку од реалноста.
Најголемиот дел од љубовните приказни од поп-културата се засноваат на страст и неодоливост, но не и на вистинска љубов. Врска што се заснова на страст често завршува неуспешно, особено ако се идеализира другата личност.
Во вистинската љубов, двете личности одлично се разбираат, се поддржуваат, пријатели се, љубовници, се смеат на своите шеги... кратко кажано, уживаат во тоа што го имаат.
Фантазијата и опсесијата не се толку пријатни. Кога сме опседнати со некого, чувствуваме константна потреба од нивното присуство, ги идеализираме, но истото предизвикува стрес наместо уживање. Таквата врска често ги гуши партнерите, но и ги доведува во очајна состојба да се задоволуваат со она малку што си го даваат.
Ако врската со некого ви предизвикува лоши чувства и неудобност, тогаш не е љубов, туку свесниот дел од вас предупредува да стоите понастрана, затоа што не си одговарате меѓусебно. Дури и да успеете да започнете некаква врска, за кратко време ќе почувствувате потреба да бидете сами за да можете да дишете.
Откако ќе ослободите од фантазијата и фиксацијата, тогаш сте на добар пат да ја прекинете лошата врска или пак, изворот на вашата нездрава опсесија, за да можете да се посветите на она што доаѓа, односно вистинската љубов.