Се повеќе истражувачи резултати можат да се пронајдат на тема машко-женски изневерувања, а ова се резултати од истражување во кое како критериум е земено работното место. И што мислите, во која професија се кријат најмногу прељубници?

„Викторија Милано“ спроведе анкета во која беа вклучени повеќе од 5000 испитаници, најмалку лојален партнер се покажале жените кои работат во областа на финансии. Потоа следат стујардесите и пилотите, потоа вработените во здравството (лекари и медицински сестри). Неверството не им е непозната страна ни на вработените на водечки позиции во компаниите (менаџери, директори или секретарки).

На петто место се спортистите, додека на меѓу ТОП 10 се најдоа и уметниците (актери, пејачи, музичари), модели, новинари и ПР експерти.

Една од причините за започнување на афера на работното место, испитаниците ја наведуваат можноста за средби и комуникација и леснотијата на прикривање.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/04/2024 05:41