Хормоните се комплексни и ретко кој може успешно да ги контролира. Сепак, со правилен избор на храна, а особено за вечерата, може да се воспостави хормонален баланс.

Блогерката за исхрана и животен стил, Алисон Ву, успеала да подготви одлична салата, којашто е нутритивно избалансирана и ќе може да ги доведе хормоните „во ред“. Салатата е богата со омега-3 масни киселини, протеини и здрави масти.

Основните состојки на оваа салата се просо и лосос.

Пред да се свари, просото треба да се измие под млаз вода. Измиеното просо се вари во отворен сад, со 500 милилитри вода на средно висока температура. Откако ќе зоврие, намалете на најниска температура и затворете го садот и оставете да се вари уште 20 минути. Свареното просо распоредете го на голема чинија и почекајте да се излади.

За подготовка на лососот потребно е масло од авокадо, лимон исечен на кругови и зачини по вкус. Садот за печење се обложува со хартија, којашто се намастува со маслото од авокадо. Парчето лосос се поставува на хартијата, се попрскува со маслото, се зачинува и се завршува со лимонот. Се пече во загреана рерна 12-15 минути.

Кога просото е изладено, а лососот испечен, се мешаат состојките во чинија и се додава магдонос, копар, ротквици, авокадо исечено на тенки парчиња и млад кромид. По желба, може да додадете и исечкан лимон.

За прелив, измешајте ладно цедено маслиново масло, јаболков оцет, дижон сенф, спирулина во прав и сол и бибер по желба.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/04/2024 05:44