Контрацептивните таблети имаат многу добри страни, како што е спречувањето на несаканата бременост. Но, додека тоа е соодветен начин да се остане под контрола на нашите репродуктивни избори, некои жени веруваат дека оваа таблета може да ги направи да се чувствуваат некако непријатно. Една нова студија го потврдува токму тоа.
Истражувачите во Шведска откриле две од најчесто употребуваните контрацептивни таблети во Британија -Микрогинон и Ригевидон (Microgynon; Rigevidon) може да имаат негативно влијание на добросостојбата на жената.
Жените кои ги земаат овие таблети кои содржат етанилестрадиол, пријавиле дека чувствуваат нерасположеност, недостиг на енергија и минимална самоконтрола.
Студијата објавена во журналот Плодност и Стерилитет, се фокусира на 340 здрави жени на возраст помеѓу 18 и 35 години во период од 3 месеци.
Жените земале или контрацептивна таблета или пласибо, но не биле свесни за која таблета имале препишано рецепт.
Оние на кои им биле дадени лековите пријавиле дека нивниот начин на живот значително се влошил, споредено со жените кои земале пласибо.
Освен тоа што општо имале лошо чувство кај себе, жените кои ја земале таблетата изјавиле дека имало негативен ефект врз нивното расположение, добросостојба, самоконтрола и нивото на енергија.
Сепак, од истражувачкиот тим не биле забележани значителни симптоми на депресија.
Коментирајќи ги наодите, водечкиот автор на студијата, проф.Ангелика Линден Хирсберг истакнала:
“И покрај фактот дека околу 100 милиони жени ширум светот користат контрацептивни таблети, денес знаеме зачудувачки малку за ефектот на оваа таблета врз здравјето на жените.”
Нејзиниот соработник, авторот Никлас Зетхраус, додава: “Треба да се посвети внимание на оваа можна деградација на квалитетот на живот, а исто така мора да се земе в предвид врската на препишаните контрацептивни таблети и избирањето метод на контрацепција.”
Тимот верува дека резултатите би можеле делумно да му се припишат на нередовното користење на таблетите, но донеле одлука да направат натамошни истражувања за ефектот на контрацептивната таблета врз квалитетот на живот и депресијата. .
Според Канцеларијата за Национална Статистика (ONS) околу две третини од британските жени на возраст помеѓу 20 и 24 години ја користи таблетата како форма на контрацепција. Доколку се употребува правилно, се вели дека истата ќе има 99% ефикасност во спречувањена бременоста, но некои жени пријавиле несакани ефекти, како мачнина, чувствителни гради, крварење помеѓу циклусите и промена во расположението. Други, пак, тврдат дека таблетата може да има негативен ефект врз либидото.
Минатата година една студија направена од истражувачи во Данска открила дека жените кои земале таблети биле 23% повеќе склони да користат антидепресиви. Сепак, важно е да се подвлече дека студијата не била во состојба ефикасно да докаже дека контрацептивнито метод бил одговорен за депресијата.
Но, можеби е потребна понатамошна истрага за жените да бидат сигурни дека нивниот избор за контрацепција нема негативно влијание врз нивната добросостојба.