Дефанзивецот на Лил, Лени Јоро би можел да се пресели во Реал Мадрид или ПСЖ, пренесе „Релево“.

Според изворот, парижаните сакале да го ангажираат 18-годишниот Французин за време на зимскиот преоден рок, но ништо од тоа. Шпанските газди одржуваат близок контакт со опкружувањето на играчот.

Оваа сезона, 18-годишниот Јоро одигра 36 натпревари на кои постигна 3 гола. Договорот на дефанзивецот со неговиот сегашен тим е до крајот на јуни 2025 година.

Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на играчот на 40 милиони евра.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/04/2024 14:50