Четвртопласираниот тим во англискиот фудбалски шампионат Астон Вила до крајот на сезоната ќе биде без услугите на својот офанзивен играч за врска Џејкоб Ремзи поради повреда на палецот.

Веста денеска ја потврди менаџерот Унаи Емери.

Поради различни повреди, Ремзи сезонава одигра само 16 натпревари за Астон Вила, која во последните седум кола ја очекува голема борба да остане на четвртото место, последно кое води во Лигата на шампионите следната сезона.

Тимот од Бирмингем во моментов има два бода, но и натпревар повеќе од петопласираниот Тотенхем.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/04/2024 04:37