Овие трилер филмови на шпански јазик топло се препорачуваат на сите љубители на мистерии и приказни кои ве држат во неизвесност до самиот крај. Ова се филмови кои имаат повеќекратни заплети во нивната приказна, секогаш кога ќе помислите дека филмот завршил, ќе сфатите дека до тој заклучок сте дошле прерано, а нивниот крај ќе ве остави подзинати.

Било да е тоа бавна напнатост, неизвесност или ненадејни моменти на паника, шпанските трилери се повеќе стекнуваат популарност низ целиот свет преку нивните уникатни концепти споени со совршена изведба. Нивните интригантни приказни во комбинација со моќна глума и мудра порака ќе предизвикаат да се сомневате се до самиот крај.

8. Отвори ги очите (Abrelosojos)

Режија: Алехандро Аменабар

Улоги: Пенелопе Круз, Едуардо Нориега, Чете Лера.

Некогаш убавиот плејбој Цезар се наоѓа во ментална установа за затвореници и не може да се сети зошто е тој таму. Се што се сеќава е дека еден ден ја пронаѓа љубовта на својот живот, а потоа сообраќајната несреќа заради која лицето ужасно му се изобличува. Но, болката предизвикана од тоа што е физички унаказен ќе му помогне да ја пронајде вистината за тоа што се случило.

7. Зборувај со неа (Hable con ella)

Режија: Педро Алмодовар

Улоги: Розарио Флорес, Хавиер Камара, Дарио Грандинети

По една случајна средба во театар, двајца мажи – Бенињо и Марко повторно се сретнуваат во една приватна клиника. Двајцата имаат нешто заедничко – нивните сакани се во длабока кома и врз основа на тоа тие ќе развијат едно чудно пријателство. Животите на четирите ликови ќе течат во сите правци, минато, сегашност и иднината, носејќи го секој од нив кон својата неостварена судбина.

6.Скриеното лице (La caraoculta )

Режија: Андрес Баиз

Улоги: Ким Гутјерез, Мартина Гарсија, Мариа Соледад Родригез

Шпански диригент е препуштен да се справува со мистериозното исчезнување на неговата девојка. Збунет иразнишан од неочекуваните случувања тој добива помош од полицијата за да го разреши случајот. Времето минува и се уште нема вести за тоа каде е неговата исчезната девојка, тој продолжува со нормалниот тек на својот живот, додека вистината се крие на едно многу необично место.

5. Кучешка љубов ( AmoresPerros)

Режија: Гијермо Ариега

Улоги: Емилио Ечевариа, Гоја Толедо, Гаел Гарсија Бернал

Филмот е една смела, интензивно емоционална и амбициозна приказна за животите кои се судираат во сообраќајна несреќа во Мексико Сити. Инвентивно структуирана од три дела кои се преклопуваат, сечејќи ја наративата на различните ликови кои се катапултирани во непредвидливи ситуации, поттикнати од судбината на кучињата. Постојат, различни ставови во врска со тоа како треба да се преведе насловот, на англиски преводот е „Love is a bitch“, некаде се сретнува „Несреќна љубов”, а исто така интересен е фактот дека зборотperrosкој значи куче, се користи како пејоратив за : недостоен човек, платен убиец, проститутка и неверен сопруг/а – сите ликови кои ќе ги препознаете во филмот.

4.Девет кралици (NueveReinas)

Режија: Фабиан Бјелински

Улоги: Рикардо Дарин, Гастон Паулс, Летиција Бредис

Можеби еден од најпопуларните шпански трилери. Се работи за двајца измамници кои се обидуваат да го измамат еден колекционер на марки продавајќи му лист на фалсификувани ретки марки, познати како „девет кралици“.

3.Мочуриште (La isla minima)

Режија: Алберто Родригез

Улоги: Хавиер Гутјерез, Раул Аревајо, Мариа Варод

Серија на брутални убиства на адолесцентки во еден далечен и заборавен град ќе ги соедини двајца детективи од одделот за убиства кои многу се разликуваат меѓу себе. Со длабоки поделби во нивните идеологии, детективите Хуан и Педро мораат да ги тргнат на страна нивните разлики за успешно да го фатат убиецот кој со години ја тероризира заедницата во сенка.

2. Кожата во која живеам ( La piel que habito)

Режија: Педро Алмодовар

Улоги Антонио Бандерас, Елена Анаја, Жан Корне

Во чест на својата покојна сопруга, која починала во пожар предизвикан од сообраќајна несреќа, еден научник е во обид да синтетизира совршена кожа која може да издржи изгореници, исеченици и друг вид на повреди. Како што се приближува до беспрекорно усовршување на кожата на својот пациент, научната заедница е скептична и се открива дека пациентот е тесно поврзан со трагичните настани од неговото минато.

1. Тајната во нивните очи (El secreto de susojos)

Режија: Хуан Хозе Кампанела

Улоги: Рикардо Дарин, Соледад Виламил, Пабло Раго

Дефинитивно најдобрата трилер мистерија, која ни открива една моќна порака за љубовта. Базиран на книгата „Прашањето во нивните очи“ од Едуардо Сачиери, се употребува нелинеарно наратива за еден правосуден работник во 1974 за кого истражувањето на еден случај на убиство и силување станува инспирација, за 25 години потоа повторно да се наврати и да напише книга за опсесијата на сите оние кои во него биле вклучени. Како што се присеќава на случајот открива дека всушност нештата не биле онакви какви што тој до тогаш мислел, а случајот можеби не е завршен. Филмот е добитник на оскар за најдобар странски филм во 2010 година.

Бонус: Диви приказни (RelatosSavajes)

Режија: Даниел Сзифрон

Улоги: Дарио Грандинети, Мариа Марул, Моника Вила

Шест црни приказни кои вклучуваат шест дивјачки ситуации полни со одмазда, опасности, неочекувани аргументи или недоразбирања, како и сомнителни разговори и договори кои ги менуваат животите на луѓето вклучени во нив. Одлична можност за читателите на раскази, а и за оние кои сакаат да погледнат еден поинаку конструиран филм.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/04/2024 06:15