Без разлика на тоа колкава вредност имаат сепак, врските се неверојатно комплексни. Нема врска која е совршена, без оглед на тоа колку совршено може да им изгледа на оние кои не се во врска.

Сите имаат свои предизвици и конфликти. Повеќето се комбинација од здрави и помалку здрави квалитетите. Со цел да се продолжи врската, таа треба да се одржува со вложување на напор и внимание. На овој начин, врските постојано ги поттикнуваат луѓето да се развиваат, да излезат од нивната комфортна зона, да посегнуваат над нивните капацитети и да ги прифатат нивните индивидуални разлики.

Квалитетот на нашата врска е одраз на состојбата на нашето психичко и емоционално здравје, но и самата врска исто така влијае на нашата емоционална и психичка добросостојба.

Кај здравите врски постои реципроцитет меѓу тоа што го даваме и тоа што го добиваме. Иако не мора да значи дека е постојано еднаков , здравите врски имаат тенденција со текот на времето да го изедначуваат реципроцитетот. Секоја страна од врската треба да вложи време, трпение и енергија, како и да го добие истото за возврат.

Кога таквиот однос во врската е постојано нееднаков, без оглед на причините, едната личност ќе се стреми да продолжи во таквата врска без да го добие за возврат тоа што го заслужила, а другата личност е подготвена да ја искористи таа ситуација себично, или пак не се залага за врската да трае. Во здравата врска двете лица раазвиваат поврзаност врз основа на заемна почит, комуникација, емоционална поддршка, искреност и доверба.

Здравите интимни врски им овозможуваат на двајцата партнери да се чувстуваат поврзани, но и независни. Таквите односи се изградени врз балансот со потребите на партнерот и индивидуалните потреби на личностите. Соодветната рамнотежа помеѓу потребите е различна за секоја врска, и за нив треба да се преговара преку заедничка комуникација и поставување граници, односно двајцата партнери да одлучат што е за нив прифатливо, а што не е.

Уште еден аспект кој го разгледуваат психолозите се моделите на врска. Се смета дека овие модели кај личноста се воспоставуваат уште во раната фаза на животот, врз основа на односите на вашите родители, пријатели, идоли итн. Овие модели имаат емоционално влијание и оставаат траен белег во текот на животот. На пример, начинот на кој се однесуваме со другите е под влијание на однесувањето на нашите родители, како и нивниот меѓусебен однос.

Таквите модели имаат тенденција да се повторуваат и во вашите врски. Идентификувањето на вашиот сопствен модел на врска е значаен чекор кој би ви помогнал да го оцените квалитетот на сегашната врска, како и понатаму да ја изберете врската која е за вас здрава и среќна.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/04/2024 06:16