Љубовта и привлекувањето се едни од најзбунувачките факти од сите човечки емоции. Поетите пишуваат за нив, филозофите ги разрешаваат, а сите останати луѓе активно ги бараат. Насекаде постојат голем број на совети и трикови кои се трудат да Ви помогнат како да го пронајдете вистинскиот партнер.
Љубовта и привлекувањето биле истражувани дури и во науката и тоа што било откриено може да Ве изненади. Во продолжение погледнете ги овие 7 чудни, но вистинити факти.
Мажите се потрпеливи
Како резултат на едно истражување, жените чекаат само 7 дена да слушнат од својот партнер пред да се откажат целосно. Мажите се подготвени да чекаат дури 11 дена. Исто така 80% од мажите би излегле на состанок со жена со која воопшто не чувствуваат хемиска поврзаност.
Гласот ви се менува кога разговарате со некој кој ве привлекува
Истражувањата покажуваат дека и мажите како и жените го променуваат својот глас кога разговараат со некој кој го сметаат за атрактивен. Интересно за двата пола е тоа што тонот на гласот се спушта на пониско ниво.
Предбрачниот секс не е нова мода
Нашите баби и не биле толку невини како што ни кажуваат :D. Според истражувањата жените родени во 1940тите 9 од 10 имале секс пред бракот, а земајќи ги сите генерации од тогаш до сега 95% од луѓето имале секс пред бракот.
Убавината не може да се игнорира
Според научниците, првите впечатоци се многу битни, исто како и атрактивноста. Убавината можеби ја гледа само набљудувачот, но кога еднаш ќе ја види ќе биде вистински предизвик да се заборави.
Кучињата ги привлекуваат жените
Момчињата веќе долго време трврдат дека кратка прошетка со кучето во паркот е одличен начин да се запознае некоја женска. Изгледа дека навистина е така. Научниците откриле дека момците кои на прошетка го носат своето куче имаат три пати поголеми шанси да го добијат телефонскиот број од девојката која им се допаѓа.
Мажите обожуваат дами во црвено
Девојки: доколку сакате да привлечете внимание и да бидете забележани изберете да носите нешто црвено. Од неразјаснети причини кога една жена носи црвено наместо некоја друга боја на облека, мажите повеќе се поврзуваат со неа и се вклучуваат во подлабоки разговори.
Жените навистина сакаат богатство и престиж
Истражувањата покажуваат дека богатството и престижот имаат поголемо влијание врз жените отколку врз мажите. Кога истата жена се наоѓа во убав автомобил од висока класа наместо во некоја просечен, мажите подеднакво би ја оцениле нејзината привлечност. Спротивно на мажите, жените не размислуваат така. Кога маж се наоѓа во некој автомобил од висока класа, жените постојатно го гледаат како попривлечен.